Заев го доби мандатот за состав на нова Влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за состав на нова Влада од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Во говорот, Заев рече дека новата ќе посилно ќе работи на концептот „Едно општество за сите“.

-Пред македонското Собрание ќе испорачам предлог за Влада составен од квалитетни, одговорни и отчетни кадри која е решена и која силно ќе се бори со корупцијата на сите нивоа. Особено внимание ќе посвети на делот за прочистување на правосудството и потеклото на парите кај секој функционер. Програмата на владата ќе биде посветена на македонската економија, каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат. Да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој. Да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и дадаваме постојана поддршка на македонското стопанство, рече Заев.

Според него, Македонија ќе добие Влада кој го следи јасниот правец кој го определило мнозинството граѓани.

-Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој по членството во НАТО води до членството во Европската унија. Ќе водам Влада која во целост ќе ги почитува Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство и Рамковниот договор, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега