Заев го демантираше Вучиќ: Не сме разговарале за „Рекет“

Заев по завршувањето на извршниот одбор го демантираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој пред две недели изјави дека разговарал со Заев и го предупредил за снимките од италијанските луѓе.

„Последен пат со Претседателот на Република Србија имав пред месец и половина или два на пуштањето на автопатот, коридор 10 каде што беше приредена и вечера со Вучиќ во Предејане. Разговаравме на многу теми, меѓународни и слично, но не разговаравме на таа тема“, рече вечерва Заев.

Додека пак Вучиќ пред две недели изјави нешто друго.

“Како што дознавам од добро упатени италијански кругови ќе има уште изненадувања. Но, тоа е. Јас мислам дека Зоран Заев денеска ме разбира колку бев во право кога му зборував за одредено лице. И зошто тоа му го зборував и зошто јас сум среќен што тоа лице е подалеку од мене и од Србија“, изјави Александар Вучиќ на 11.08.2019 – претседател на Србија.

„Ќе го прашате него кога тоа ме предупредил, на последната средба како што го поставивте прашањето не разговаравме на таа тема“рече Заев

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега