Заев: Ги враќаме парите кај земјоделците

Премиерот Заев се огласи за земјоделците на Фејсбук.

- Земјоделството е столбот на нашата економија. Работиме посветено и вложуваме во неговиот развој.

За две години земјоделското производство порасна за 13,6%.

Земјоделците ширум државата добија нови 4.000 хектари обработливо земјиште.

Обезбедуваме повеќе пари за младите земјоделци. 424 земјолдеци добија 10.000 евра неповратна помош.

Ги враќаме парите кај земјоделците. 30% од трошоците за нафта на земјоделците ќе ги покрива државата. Го реализираме проектот „зелена нафта“. Ветивме и остваривме поврат на пресоналниот данок за сите земјоделци.

Со капитални инвестиции во водостопанството ќе се наводнуваат нови 32.500 хектари земјоделско земјиште.

Обезбедивме 38 милиони евра за развој на руралните средини.

Во тек е реализација на преку 200 проекти за локални патишта, водоводи и патишта ширум државата.

Две години чесно работиме рамо до рамо. Две години плодни земјоделски политики, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега