Заев-Гаши: Константиран е напредок, следуваат консултации во партиите за можна заедничка Влада и парламентарно мнозинство

„На средбата е константиран евидентен напредок во усогласување на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната влас“, со овие зборови од Владата, ги објаснуваат заклучоците од скоро тричасовната средба на Заев и Гаши.

Во соопштението се вели дека разговорите ќе продолжат. А се очекувало до крајот на неделата да се остварат консултации низ партиите со цел да се обезбеди усогласување со цел постигнување на договор за можна заедничка Влада, која ќе се посвети на предизвиците од пандемијата и енергетската криза.

01.12.2021 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега