Заев: До недела попладне Владата ќе го испорача четвртиот пакет

До недела попладне  Владата ќе го испорача четвртиот пакет  економска помош, најави премиерот Зоран Заев. Денеска премиерот и економскиот тим ќе имаат уште една средба со Стопанските Комори, а веќе утре друг владин тим ќе се сретне со Синдикатите и работодавачите, пренесува ТВ21.

Буџетот е во кондиција повтори Заев и објасни дека Владата  не смее да носи одлуки од сега па до месец март за кога како што најави ќе бидат развиени  следни пакети.  Во мерките  како што потенцираше постојат и такви  кои ќе важат дури до крајот на 2021 година.

„Имаме одредени продолжувања на аконтацијата заради тоа што ослободување од даноци или одредени други мерки кои уште сега треба да ги знаат компаниите  за да може да ги предвидуваат и во февруари. Но големите мерки тоа што значи поддршка на плата со  или поддршката на приватната потрошувачка со новите  картички тие се најголемите пакети ќе се однесуваат до крајот на годината.“, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа