Заев-Брнабиќ: Граѓаните двојно помалку ќе чекаат на Граница со „One Stop Shop"

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ, денеска остварија средба на маргините на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Познањ во Полска. 

Претседателите на владите на двете земји разговараа за забрзување на динамиката на финализирање на работите на One Stop Shop пунктот на граничниот премин Табановце за што ќе биде наменет и дел од грантот во висина од 2,8 милиони евра, од вкупните 42,7 милиони евра што Република Северна Македонија ги доби на Самитот во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, кој претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ на земјите од регионот.

Како дополнителни приоритети, премиерите Заев и Брнабиќ ги издвоија и проектот за авторизирани економски оператори, кои Северна Македонија и Србија ги воведуваат како први земји во регионот и од кои се очекува да се олесни трговската размена, како и да се постават повисоки стандарди во регионот, комплементарни со оние на ЕУ, кога станува збор за раст на трговијата во регионалната соработка.

 

Претседателите на Владите на Македонија и на Србија ја поздравија и започнатата соработка и во размена на искуства и ноу-хау во дигиталните технологии, од кои посебно внимание ќе биде посветено на соработката за размена на искуства во сферата на дигиталните сервиси и владините веб страници со оглед на модерните веб решенијата кои ги има српската Влада, и кои можат да ги подобрат владините веб страни на Северна Македонија да станат уште повеќе услужно ориентирани кон граѓаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2019 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега