Заев: Бојкот на пописот е лоша одлука, никој нема да сака да инвестира кај нас со тој потег

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешната Координативна средба за успешно спроведување на претстојниот попис во Собранието, порача дека оваа статистичка операција е многу важна. Притоа, ја повика опозицијата да се вклучи, а не да го бојкотира пописот.

„Пред нас е најважната статистичка операција. Бојкотот е најлошата одлука, тој носи конфузија меѓу граѓаните и ништо добро и позитивно. Кому му одговара да имаме иднина врз погрешни податоци? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да сака да инвестира кај нас. Ја повикувам опозицијата да се приклучи на оваа одговорна операција. Пописот не треба да даде само слика за етничката состојба во земјата. Сите да покажеме одговорно однесување“, порача Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа