Заев: „Блажени се тие што градат мир“- натписот на надгробната плоча на Трајковски аманет за сите политичари

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример.

„Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир...“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари.

Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи“ напиша Заев на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега