Заев: Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ
Премиерот Зоран Заев ја повтори истата одлука која пред два дена ја искажа на прес-конференција, а се однесуваше на тоа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за градоначалник во Скопје, како и ако опозицијата освои повеќе општини во однос на СДСМ, тогаш тој ќе си поднесе оставка на функцијата.
– Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ – порача Заев при неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
22.10.2021 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа