Заев: Ако не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде поради Албанија

Премиерот, Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој вели дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.

Сепак, има шанси Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Како што вели Заев причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија.

За нас ние имаме позитивен амбиент, поради Договорот од Преспа и направените реформи. За жал констелациите не се добри, затоа постои дебата. Тука мислам на Албанија, и на Косово-Србија прашањето. Но верувам дека нема да се дозволи во ниеден момент после 14 години кандидат, и од 2009 година позитивна препорака, повторно бидеме одложени, дефинитивно тоа не е во полза тоа ниту на ЕУ – изјави Заев во интервју за „360 степени“.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега