Заев: Абе ич не сакам да зборувам за опозицијата, чекај да си кажам за мерките

Остај ја опозицијата, чекај да си кажам за мерките. Вака претседателот на Владата, Зоран Заев му влезе во збор на новинарот, во интервјуто за ТВ Стар, кој рече дека опозицијата веднаш излегла со критики за четвртиот пакет мерки.

– Остајте ја опозицијата, јас да си кажам за мерката. Нема врска опозицијата. Абе ич не сакам да зборувам за опозицијата, ама ќе зборуваме, ќе одговорам, должност ми е – рече Заев.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ „тера голо критизерство без аргумети“, потенцирајќи дека лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски излзе на прес-конференција половина час по објавување на мерките, тврдејќи дека не се добри. – Немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470 милиони евра, нагласи Заев.

– Не може да седнете со Мицкоски да се договорите, тој разговара за да не се договара, во измнатиот период од три години колку е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ една работа не договоривме, со Груевски договривме пржинска влада, специјално обвинителство, нема ни една работа што е договорена со Мицкоски, додаде Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа