Задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација во Словенија

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19. Негативниот тест на коронавирус веќе нема да им биде доволен на државните службеници за да одат на работа како за другите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката влада доцна синоќа.

Секој државен службеник ќе треба да ја прими првата доза од вакцината до 1 октомври и втората до 1 ноември, освен ако не се одлучиле за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која обезбедува заштита по една доза.

Во Словенија во сила се заострени мерки, според кои за одење на работа, за возење во јавен превоз, за посета на трговски центар, банка или пошта потребна е потврда за вакцинација или негативен тест.

Макфакс

17.09.2021 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа