Заборавете на сонцето - вонредна временска најава

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад.

Максималните дневни температури ќе се движат од 0 Целзиусови степени во Маврово, 2 во Берово, Крива Паланка 3, Охрид 4, до 5 во Скопје и Прилеп, 6 во Кавадарци и 9 степени во Дојран.

Прогнозата за утре е променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Маврово и Берово -1, 1 во Прилеп, 2 во Крива Паланка, Скопје и Охрид 3, Кавадарци 4 и 6 степени во Дојран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега