Заболена од мали сипаници со новооткриен дијабет во тешка здравствена состојба

Заболена од мали сипаници со новооткриен дијабет во тешка здравствена состојба вчера била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, пишува „СДК.мк“

Од Клиниката велат дека пациентката е со кетоацидоза и дека е сместена на одделот за интензивно лекување. На овој оддел веќе подолго време е девојката со церебрална парализа која е на механичка вентилација со масивна бронхопневмонија, која настанала како последица од морбили. Според информациите од Клиниката за инфективни болести, на одделите во потешка состојба се уште три деца и двајца возрасни.


„Во текот на вчерашниот ден прегледани се 13 пациенти со мали сипаници, од кои двајца се задржани за болничко лекување. Тоа се 39-годишна пациентка од Чаир без податок за вакцинален статус со новооткриен дијабет, која е во кетоацидоза и во потешка состојба на одделот за интензивно лекување. Втората заболена е 26-годишна за која нема податок дека е вакцинирана. И нејзиното дете е болно од морбили. На клиниката се лекуваат 36 заболени од морбили, од кои 23 возрасни и 13 деца. Од амбулантски прегледаните прегледано е и 9-месечно дете, кое е невакциниранo. Другите се возрасни на возраст од 20 до 40 години“, велат од Клиниката за инфективни болести.

 

На Клиниката за детски болести во моментов се лекуваат шест деца болни од мали сипаници, но тие не се во тешка здравствена состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега