Забележала необично суштество во својот двор: Покрената бурна расправија на социјалните мрежи- никој не знае за што се работи (ВИДЕО)

Кристина Рајан од Палм Бич, Флорида, ја започна дискусијата на Интернет откако ја објави снимката од камерата од надзорните камери.

Имено, таа во текот на ноќта забележала необично суштество во дворот, за кое е убедена дека е младенче од диносаурус.

- Секое животно што би помислиле да помине низ дворот во 3.40 часот наутро, не би одело вака. Можеби гледам многу филмови, но гледам велоцираптор или кој било друг помал диносаурус - истакна таа.

По објавувањето на видеото, на Интернет се појавија бројни теории за тоа што може да биде, а многумина се согласуваат дека диносаурусот не е.

Некои велат дека секако може да станува збор за „игуана заглавена во пластична кутија“, додека други гледаат куче кое носи мантил за дожд.

Погледнете и вие па сами одлучете за што се работи:

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега