Забележал дека нешто ѕирка од снегот па го застанал возот- со лопатите во раце започнала спасувачка акција (видео)

Жителите и туристите во Австрија не се едниствените кои мора да се справуваат со студот и снегот, кој предизвика големи проблеми, тука се и животните.

Австриската железница објави видео од вчера во која се гледаат двајца службенци со лопата во рака како спасуваат дива коза.

Машиновозачот го сопрел возот откако забележал дека од снегот ѕиркаат роговите на козата. Возот се вратил назад до дивокозата и двајца службеници, внимателно ја откопале козата.

За среќа таа е ослободена и вратена во дивината.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега