Забава со ора и свирки на медицинските сестри од ковид центар во Хрватска (ВИДЕО)

 

Хрватските медиуми денеска објавија  скандалозно видео од забава во КБ Дубрава, најголемата ковид болница во Хрватска. Видеото е објавено од РТЛ.

Снимката била направена на почетокот на овој месец, а вработени во болницата ја проследиле до РТЛ.

На забавата, медицинските сестри и придружниот персонал пеат и играат на жива музика, без придржување кон епидемиолошките мерки, без дистанца, без маски. Видеото покажува и армоника украсена со банкноти.

Видеото ги разлути нивните колеги. Една од нив вели дека за над 20 години работно искуство не доживеала вакво нешто.

"Во вакви ситуации, се срамам што сум медицинска сестра. Не сум го доживеала ова во моето 20 годишно искуство. Непочитување на епидемиолошки мерки, алкохол, тамбури, песна и оро. И сето тоа во ковид болница, очекувам санкции за актерите на овој настан. Ние се бориме против вирусот и самите го шириме. Јас сум лута и разочарана “, напишала една сестра .

Вршителот на должноста директор на КБ Дубрава Ивица Лукшиќ изјавил дека не бил запознаен со случајот.

„За прв пат ги гледам снимките и изненаден сум“, изјавил тој и додал:

„Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето работат напорно во болницата и дека морам да ги видам сите околности што довеле до тоа.

Засега е непознато колку вработени дежурале за да се грижат за пациентите во време на оваа забава, а колку останале по завршувањето на нивната работа. Не е познато која е причината за прославата, пишуваат хрватските медиуми и потсетуваат дека во земјата се на сила строги мерки со забрана за собирање на повеќе од десет лица од две домаќинства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега