За заминување во Германија ќе има нови правила: Прво ќе се полага јазик, а се воведува и старосна граница

Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија. 

Ова е во согласност со Законот за емиграција, информираат од германско - српската стопанска комора, пишува Курир.рс

Отсега ќе биде потешко за заминување, и жителите од регионот, нема да имаат привилегии во однос на другите делови од светот. 

Сега познавањето на германскиот јазик ќе мора да биде на високо ниво, што претходно не беше случај. 

И старосна граница ќе има, иако засега не е прецизирано до која возраст луѓето ќе можат да заминуваат во Германија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега