За влез во земјава се чека повеќе од 30 минути

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државава се чека околу 40-50 минути, додека на преминот „Богородица“ околу 30 минути, информираат од АМСМ.

Како што соопштуваат оттаму на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМДСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

28.07.2022 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега