На 12.03.2026 година во 21:05 часот, во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на село Мојанци, кочанско, избувнал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП Водовод – Кочани.
Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, заедно со двајца соселани, обидувајќи се да го изгаснат со ПП апарат, вдишале чад и добиле лекарска помош од Итната медицинска служба.
На терен веднаш е интервенирано од Територијалната противпожарна единица со четири возила и осум пожарникари и поддршка на пожарникари-доброволци од Доброволното противпожарно друштво Кочани.
Според доброупатени извори, евентуалното проширување на пожарот во балонот кадешто се собира метанот можел да предизвика експолозија од поголеми размери, јави Гласно.мк.
За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекција за заштита и спасување – Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.


