За влакно избегната експлозија на бензинска во центарот на Скопје

На бензинската пумпа во центарот на Скопје денес буквално за влакно е избегната вистинска катастрофа, пишува „Лидер“'

На пумпата која се наоѓа спроти Соборниот храм избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија полицијата го блокирала пристапот на булеварите „Партизанска“ и „Илинденска“.

За среќа, еден од вработените реагирал навремено и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот, па спречил вистинска катастрофа, раскажале очевидци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега