За викендот променливо облачно и топло, од понеделник заладување со дожд и снег

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

30.03.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега