За утре во 11 часот е закажана седницата за пратеничкиот мандат на Никола Груевски

Павле Богоевски, како претседател на  Комисијата за деловнички и имунитетно-мандантни прашања за утре во 11 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, објави Канал5.

Но, опозицијата го оспорува неговиот кредибилитет по скандалот со нелегална набавка на наркотици.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ допрва ќе се координираат дали утре ќе побараат одземање на Богоевски од претседателската функција во комисијата, а се уште немаат прецизен став и како ќе гласаат по предлогот да му се одземе мандатот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега