За утре синоптичарите најавија големо невреме

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од среда ќе има повеќе сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. В четврток и в сабота попладне се очекуваат локални врнежи од дожд.

26.09.2022 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа