„За се е виновно руско вештачко ѓубриво“- Опасниот товар кој експлозира во Бејрут со години бил занемарен (ВИДЕО)

 

Моќната експлозија во Бејрут, во која најмалку 100 луѓе загинаа, е предизвикана од вештачко ѓубриво запленето од руски товарен брод пред шест години, јавуваат либанските медиуми.

Бродот „Рохосус“ се вкотви во пристаништето во Бејрут пред десет години, како резултат на дефект, и беше на пат за Африка со 2.750 тони ѓубриво заснован на амониум нитрат, објави либанската медиумска куќа ЛБЦИ, без да открие чија сопственост е споменатиот брод.

Руската медиумска група РБЦ пак известува дека бродот, кој пловел од грузиското пристаниште Батуми до Мозамбик, е во сопственост на рускиот државјанин Игор Гречушкин, со престој во Кипар.

Како што се наведува, откако „Рохосус“ се согласил поради дефект, Грехушкин го напуштил бродот без да ја плати својата екипа, тврди РБЦ, повикувајќи се на членовите на екипажот.

Според LBC, опасниот товар потоа се растоварил во магацин каде останал со години, пренесува порталот Индекс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега