За пожарот во модуларната болница во Тетово ќе бидат поднесени четири тужби

Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против четири лица, едно правно и три физички за пожарот во модуларната болница, открива „Алсат“.

Во текот на следните денови се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово, а по завршување на истрагата ќе бидат поднесени четири пријави.

Во текот на предистражната постапка над 30 доктори и медицински сестри биле повикани да дадат изјава, а биле собрани и сведоштва од очевидци и членови на семејствата.

Во истрагата учествуваа и германски експерти, кои го доставија извештајот пред три месеци за пожарот кој се случи на 8 септември минатата година, а притоа загинаа 14 лица.

13.05.2022 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега