За помалку од два часа дел од Скопје без вода

Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:00 часот ќе имаат дел од корисниците од населба Тафталиџе.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради менување вентил во шахта од ф1 на улица „Мексичка“ број 5, а без вода ќе бидат корисниците од улиците „Ташкенска“, „Мексичка“, „Хаванска“, дел од „Варшавска“ и дел од „Хелсинки“.

26.10.2021 - 07:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа