За него никој не знаел: Се самоуби вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ- си пукал во глава

Откако „кралот на народната музика“, Шабан Шаулиќ трагично го изгуби животот, се дозна дека минатата година наводно неговиот вонбрачен син кој никогаш не го запознал, се убил пукајќи си во глава, а сето тоа го открил неговиот пријател од Америка – пишуваат српските медиуми.

– Сакам да ви раскажам што слушнав. Александар живеел во Колорадо, а неговата мајка Ана била во кратка врска со Шабан Шаулиќ. Таа добила дете кое сама го одгледувала, додека не се омажила за еден добар човек. Александар подоцна го зел презимето на својот очув Милер. Неговата мајка се доверила на мојата жена дека всушност тој е дете на Шабан, но дека таа со пејачот повеќе никогаш не се слушнала, ниту го видела. Не сакала ниту да му каже на Шабан дека има син. Дури откако мајка му починала, Александар дознал кој му е вистински татко, но никогаш немал желба да го пронајде.

Живееше мирно и пристојно, и никој не знае зошто се уби пукајќи си во глава. Го нашле среде соба во локва крв. Се зборува дека боледувал од некоја болест, поради што кренал рака на себе. По неговата смрт пронајдовме писмо кое го напишал на татко му, но никогаш не го испратил. Ние сме неизмерно тажни поради губењето на добар човек и пријател – раскажал изворот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега