За малолетникот што го прегази д-р Јота постапка ќе се води по Закон за права на детето - родителите немаат одговорност

Процедурата за кривичната постапка за малолетникот, кој го прегази хирургот Ѓорѓи Јота во Скопје и тешко го повреди, ќе се води според Закон за право на детето, бидејќи нема наполнето 18 години.

Шестнаесетгодишникот без возачка дозвола, кое во четвртокот навечер со „БМВ“ го прегази хирургот и професор д-р Ѓорѓи Јота во Скопје ќе одговара по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, каде за вакво дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

Бидејќи момчето е малолетно може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор, вели законот.

Родителите на малолетникот нема да сносат одговорност бидејќи немаат врска со настанот и немаат одговорност во случајот. Ако дојде до судење, нему ќе му суди судија за малолетници, а не судија од кривичен оддел на полнолетни лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега