За Курбан Бајрам организирале семејна прослава со 80 гости- непочитување на полициски час и веридби во Скопје и покрај забраните

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана на одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор од секаков вид, со која се опфатени и јавни и приватни собири. Тие за верскиот празник Курбан Бајрам, во дворно место од семејна куќа, организирале семејна веселба на која биле присутни од 60 до 80 гости. За обвинетите, надлежниот јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра во денарска противвредност.

Против две други лица, од кои едното е косовски државјанин, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Спротивно на Одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, тие организирале прослава по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале околу 15 гости.

Против 18 лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози поради непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република а Македонија. Имено, за време на тогаш важечкиот полициски час, лицата без дозвола се движеле на различни локации во градот. За овие обвинети до надлежниот Основен кривичен суд Скопје предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега