„За кого ѕвони телефонот“ - Руските комичари кои го зафркаваа Заев издадоа книга

Руските комичари Вован и Лексус, кои како Порошенко и Столтенберг разговараа со премиерот Зоран Заев објавиле и книга со разговорите со сите светски политичари кои ги измамиле.

Книгата има наслов  „За кого ѕвони телефонот“ („По ком звонит телефон“) и може да се набави на интернет за 35 долари.

Покрај премиерот Заев на нивниот телефонски повик се јавиле и Рамуш Харадинај, Федерика Могерини, Хуан Гваидо, Жан Клод Јункер, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, Макрон… и многу други политичари.

Телефонското јавување на комичарите на Заев сеуште е топ тема и предизвикува реакции. Додека од опозицијата бараат оставка за како што велат срамот, СДСМ го штитат Заев.

Во разговорот, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Заев изјави дека е измамен.

- Објавените разговори од страна на измамниците се алатки и тактики за медиумска дискредитација и за нанесување штета на нашите стратешки интереси, како што е членството во НАТО. Во нив се потврдуваат моите ставови кои постојано ги застапувам во јавноста, кога се во прашање интересите на државата и ги покажуваат заложбата и посветеноста на стратешките определби на нашата земја. Во наредниот период Владата ќе излезе со итен план за одлучна акција против оваа специјална акција за ширење дезинформации, напиша Заев.

На прес конференција премиерот Заев призна дека бил жртва на измама и ја призна автентичноста на снимката.

- „За жал и јас станав еден од оние кои беа измамени во добро организирана структура,најчесто насочени против личности и земји со евроатлански аспирации.

Сепак не сум единствен, на ист начин измамени се Макрон, Борис Џонсон, Елтон Џон и Ердоган, листата покажува дека сум во добро друштво.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега