За Касами Владата има легитимитет до 2024 година

По најавите од опозицијата дека по локалните избори ќе се содаде ново парламентарно мнозинство, премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање рече дека постојното парламентарно мнозинство може само да расте, а не да биде променето

Владата треба да остане до крајот на мандатот, вели лидерот на Беса, Биљал Касами, чија партија е дел од парламентарното мнозинство и извршната власт.

„Легитимитетот на оваа Влада е од 2020, од парламентарните избори и јас лично ценам дека тоа треба да биде до крај на мандатот. За се друго, јас исто сум рекол дека по изборите ќе има рефлектирање кај самите партии согласно резултатот од локалните избори. Секое форматирање на Владата нема да биде само од локален интерес. Македонија има стратешки партнери како што се Вашингтон и Брисел. Тоа мора да биде во блиска соработка со овие центри“, истакна Касами одговарајќи на новинарско прашање.

 

26.10.2021 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега