За еден ден вакцинирани 2,9 милиони луѓе во САД

Вчера во САД биле вакцинирани 2,9 милиони лица, истакна Енди Славит, советник во Белата куќа и член на кризниот штаб за борба со Ковид-19.

„Честитки за сите што даваат вакцини, волонтери, доктори, аптекари, курири, работници, вработени во администрацијата и војници, кои работат заедно во овој напор“, напиша Славит.

Ове е дневен рекорд во обидите на администрацијата на претседателот Џо Бајден да ја постигне цифрата од 100 милиони вакцинации во првите 100 денови по преземањето на функцијата на 20 јануари.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега