За еден ден речиси 50.000 нови случаи со Ковид-19 во САД

Американскиот Центар за контрола и превенција за болести соопшти денеска дека во САД регистрирани се нови 49.988 случаи на коронавирусот.

Со тоа, вкупниот број на заразени достигна 4.784.060.

Починаа уште 1.107 лица, така што вкупниот број жртви од пандемијата порасна на 156.311, пренесува Ројтерс.

Извештајот за ситуацијата со коронавирусот опфаќа период од вчера на пладне во однос на претходниот ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега