За две-три недели ќе се знае колку ќе порасне минималната плата

Зголемување на минималната плата ќе има, но се уште не се знае колкаво ќе биде тоа, зашто во тек се разговорите со бизнис заедницата и стопанските комори, порача министерот за економија Крешник Белктеши кој денеска беше на увид на работите на патиниот правец Долнени-Чашка.

-Досега не сум кажал колкава ќе биде минималната плата. Заедно со бизнис заедницата, со стопанските комори работиме на тоа. Да, ќе има покачување на минималната плата. Висината на покачувањето ќе ја утврдиме во наредниве две-три недели и навремено ќе ја известиме јавноста. Сите индикатори за економскиот раст, покажуваат дека се движиме во вистинската насока. Како Влада сме должни да ги зголемиме платите и во приватниот и во јавниот сектор, како што беше примерот за покачувањето на платите во јавниот сектор за пет отсто од септември, изјави Бектеши.

Што се однесува до економските мерки за подобрување на бизнис-климата и стандардот во земјава, додаде, паралелно се работи на неколку мерки од кои и зголемувањето на платите во приватниот сектор.

-Паралелно работиме на неколку економски мерки за подобрување на економската клима. Веќе сме во преговори со бизнис заедницата околу  новиот закон за покачувањето на платите во приватниот сектор. Очекуваме да добиеме коментари, сугестии и врз основа на нив, да го подобриме законското решение, зашто за секое покачување на платите до 6 000 денари, Владата ќе ги субвенционира придонесите. За подобрување на стандардот и на животот на граѓаните многу се важни мерките и за заштита на животната средина, за субвенционирање нови модели како што се инвертерите, за енергетската ефикасност, како и инфраструктурните проекти, рече Бектеши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега