За два дена претепани три деца - Инциденти во Скопје

Полициските билтени секојдневно се полни со информации за нападнати и претепани деца, во Скопје и другите градови. Само вчера три случаи.

Во 22:45 часот во СВР-Скопје, 41-годишната В.Г. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21:30 часот на улицата “Грамос“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Исто така, во 20:30 часот во СВР-Скопје Г.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:50 часот на улицата “Иван Хаџиниколов“ две лица на возраст од околу 14 до 15 години физички го нападнале неговиот 15 годишен син.

Во 10:40 часот во СВР-Скопје, 41-годишната А.И. од селото Средно  Коњари-скопско пријавила дека истиот ден околу 10:30 часот во селото Средно Коњари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.М.(54).

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега