За да не се заглавите во метежот - Овие улици пренасочени за Задушница

 

На сообраќајниците околу гробиштата во Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во периодот од 06 до 16 часот поради верскиот празник Задушница.

Возилата кои ќе се движат кон гробиштата Бутел, ќе бидат упатувани по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова”, а ќе излегуваат повторно на улицата „Александар Урдаревски”.

Пренасочување на сообраќајот по потреба ќе биде воведен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега