За Ангел Димитров, Гоце Делчев е Бугарин, а македонската нација политичка одлука

 

Македонизмот е крахиран смета Ангел Димитров шефот на бугарската експертска комисија за ревизија на историски и образовни прашања со Македонија. Во интервју за бугарска телевизија тој вчера порача дека Гоце Делчев е Бугарин но може да го слават и македонците како херој, јавува Сител.

Според Димитров има периоди за кои македонските експерти нема да можат да најдат аргументи за да ги негираат фактите и бугарската интерпретација.

-Гоце Делчев може да биде херој на двете држави. Делчев, кој е Бугарин по потекло, работел за слободата на Бугарите што живееле во некогашната географска територија Македонија, зошто тој загинува на територијата на денешна Грција, која се вика Беломорска Македонија. Тој е херој на сите нас и тоа треба да биде разбрано од нашите колеги во Република Македонија, изјави Ангел Димитров.

Првиот бугарски амбасадор во земјава велидека ,  Бугарија не може да и наложи на Македонија да избере нов идентитет, но треба да е јасно дека државата настанала како резултат на политичко решение.

- Научно кажано, тие сакаат современата македонска нација да биде формирана објективно историски, а, всушност, таа е резултат на политички одлуки, т.е. нејзиното формирање освен што е силувано, освен што е однадвор, освен што не е резултат на внатрешно движење кон таа државност и нов идентитет, е, во крајна линија, субјективно-политички чин“, вели Димитров.

Професор Љупчо Ристески, член на македонската експертска комисија во изјава за Сител  вели дека комисијата по прашањата што ги отвори Димитров се уште нема дефинирано став, ниту пак е познат датум кога и каде би се сретнале со колегите од Бугарија. 

-Македонската експертска комисија се уште се нема состанато ниту пак има договор кога и на каков начин ќе се одвиваат разговорите со бугарските колеги. Ставовите околу овие прашања ќе бидат изнесени откако ќе се состанат членовите на комисијата, смета тој.

Во меѓувреме пред Синодот на БПЦ граѓани, интелектуалци, потомци на македонските дејци го изразија  незадоволството од одлуката на синодот да не учествува на прославата по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската Архиепископија во Охрид.

 

 

 

16.05.2018 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа