За 10 часа ограбени ограбени финансиско друштво, аптека и обложувалница во Скопје

За точно 10 часа во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавени се три кражби на деловни објекти. Првиот се случил во финансиско друштво на улицата „Методија Андонов Ченто“ рано наутро, во 10:48. Како што соопшти МВР, едно лица со закана од вработена одзело пари.

Вториот грабеж се случил во обложувалница.

-Во 18:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Третиот грабеж се случил за помалку од три часа потоа и тоа во аптека.

- Во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Јани Лукровски“ едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

28.10.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега