Вулканот во Нов Зеланд кој еруптираше крие голема тајна - да се знаела туристите можело да останат живи

На Белиот остров каде во понеделникот настрадаа 14 туристи, уште во 2016 година имало поставен контејнер во случај на опасност.

Трагедијата на Нов Зеланд, кога во понеделникот 14 туристи загинаа во ерупција на вулканот, можела да биде спречена ако туристите знаеле дека на овој вулкански остров имаат безбедно засолниште.

Имено, на Белиот остров уште во 2016 година бил поставен метален контејнер тежок 2,4 тони како сигурносен бункер во случај на опасност.

Поставувањето на контејнерот кој е допремен со хеликоптер, било проследено од медиумите, но и покрај тоа, туристите и оние кои организираат обиколка на овој остров не го знаеле тоа. Медиумите тогаш пренеле дека во металниот контејнер има безбедносна опрема (боци со кислород), како и резеврна облека, храна и вода.

Џорџ Вокер од компанијата „Вајт ајленд флајтс“ вели дека контејнерот бил поставен на 500 метри оддалеченост од вулканското езеро кое се наоѓа на кратерот од вулканот. Вистината е дека контејнерот е поставен далеку од местото како што приоѓаат чамци кои носат туристи во обиколка на вулканот. Тој треба да е поблиску до крајбрежјето - вели Вокер.

Засега нема назнака дека некој од настраданите туристи воопшто се обидел да се засолни во металниот бункер кога на 14.11 по локално време дошло до ерупција.

Туристката Брук Сејбин, која претходно била во обиколка на островот, вели дека на нејзината група никој не кажал дека постои бункер во случај на опасност.

Во моментот на ерупцијата на островот имало 47 туристи, од кои 34 биле спасени. Дури 30. лица биле префрлени во болница со тешки изгореници. Едно лице починало вчера во болница. Шест лица загинале на местото на настанот, додека седум се водат како исчезнати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега