Вулин: Имаме причина за загриженост – за војна е потребна една будала

Министерот за внатрешни на Србија, Александар Вулиќ истакна дека хеликоптерите имаат право да надлетуваат каде било на територија на Србија.

-За мир се потребни барем двајца, а за војна е доволна една будала, а се плашам дека таа будала ја имаме од другата страна. Седи во Приштина и се одзива на името Курти, рече Вулин во телевизиско интервју.

Вели дека Србија има причини за загриженост.

-Луѓето кои ја водат Приштина се големи кукавици и од нив можете да очекувате сѐ, рече министерот.

Вулин дополни дека Србија знае што сака и уште појасно, знае што не сака.

 

25.09.2021 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега