Вухан гради болница за лечење на заразените од корона вирусот- планот е да биде готова за пет дена

Градот Вухан, жариштето на новиот коронавирус, забрзано гради болница со 1000 кревети за лечење на пациентите заболен од коронавирусот, од кој досега починаа 26 лица, а заболени се повеќе од 800.

Кинеските медиуми јавуваат дека болницата може да биде готова до понеделник, а започна да се гради вчера.

Се гради во комплекс кој претходно бил превиден за локалните работници во градините покрај езерото на периферија од градот, јавуваат медиуми.

Околу 35 багери и десет булдужери се на местото каде што ќе биде изградена болницата.

Вухан изградбата на болницата ќе го копира од претходно искуство на Пекинг, кога се бореа против вирусот „Сарс“ во 2003 година, кога во преградието на главиот град на Кина за недела дена е изградена болница во која се лечеа 700 заразени пациенти.

„Тоа беше чудо испишано во историјата на медицински науки“ неведуваат медиумите.

Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 26 лица, објавија утринава државните кинески медиуми.

Железничките станици се затворени, летовите откажани и на главните сообраќајници во и надвор од градот се поставени контролни пунктови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега