Вучиќ за малку ќе заплачеше на утринска емисија во живо - ова многу го погоди

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на утринската програма на телевизџија Пинк, каде зборуваше на различни теми. Тој посочи дека грешките ќе ги чинат скапо, а ги правеле во големи количини во минатото.

Вучиќ кажа дека додека е жив со Србија нема да владее странска рака, странски агент без оглед за кој станува збор. Србија е слободна и суверена земја, рече Вучиќ и појасни дека тоа жив значи политички жив.

Зборувајќи за многу теми, тој утринава зборуваше и за апсењето на маж кој не е уапсен поради некаков твит, туку поради закани за убиство.

-Приведено е некое магаре кое се заканува со убиство на другите луѓе, но и на мене, но тоа не е важно, страшно е што се заканува на членови на семејството - рече Вучиќ.

Покажувајќи принтскрин од објави на Фејсбук во кои за него се употребуваат најлоши навреди, тој едвај се воздржл да не заплаче кога во една од нив е спомната неговата 16-годишна ќерка и тоа во ужасен контекст.

Со „кнедла во грло“ продолжил да чита, а гледачите забележаа дека едвај ги задржуваше солзите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега