Вучиќ за Груевски: Да го направевме ние истото што и Македонија ќе не осудеше цел свет

Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк  се осврна и на случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија.

Зборувајќи за апсењето на Небојша Медојевиќ и за случајот со Никола Груевски, тој рече дека нема право да се меша во внатрешните работи на други земји, но исто така забележа дека ако се разгледаат причините за нивниот прогон, Србија би била осудена од целиот свет, истото тоа да го направила.

-За нас би кажале дека сме диктатура, дека ги прогонуваме луѓето поради изговорениот збор, дури и ако тоа е клевета. Можете за закана да прогонувате, но немојте политички противници за клевета, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Србија имала слична ситуација како со обвинувањата на сметка на Груевски поради купување на блиндирано возило, кога разузнавачката служба БИА ги менуваше своите акти за да обезбеди блиндиран мерцедес вреден 600.000 евра за поранешниот претседател Борис Тадиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега