Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска свика итен состанок со надлежните министерства и институции. Причина за вонредната мобилизација на државниот врв е „вистинската драма“ на светските берзи и абнормалниот скок на цената на нафтата, која утринава ја проби границата од 112 долари за барел.
Србија сака да осигура стабилност во снабдувањето со горива.
Нападите врз гасните полиња во Иран и Катар предизвикаа паника која директно се рефлектира врз цените во регионот.
Со оглед на тоа што Словенија веќе воведе ограничувања на бензинските пумпи, Србија бара начин да избегне слично сценарио.
Иако цената е под историскиот максимум од 116 долари забележан на почетокот на месецот, ситуацијата се оценува како катастрофална, особено ако се има предвид дека нафтата порасна од 65 на 112 долари во рекордно краток период.


