Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српската армија денес е значително посилна отколку претходно, но нагласи дека Србија нема агресивни намери кон ниту една држава во регионот.
Тој потенцираше дека зајакнувањето на воените капацитети на земјата има за единствена цел зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста. Според него, Србија стратешки вложува во модернизација на своите вооружени сили.
„Српската војска денес е многу посилна, но немаме агресивни намери кон никого“, порача Вучиќ.
Како што појасни тој, силната армија претставува важен фактор за одвраќање на потенцијални закани, како и клучна гаранција за безбедноста на државата и на сите нејзини граѓани.
Вучиќ на крајот додаде дека Србија и во иднина ќе продолжи со инвестициите во одбранбениот сектор, но подвлече дека врвен приоритет на Белград остануваат мирот и стабилните односи со соседите во регионот.


