Вучиќ: Србија се уште никој не ја известил дека е пред членство во ЕУ

Србија има обврска да се приклучи кон европската надворешна политика непосредно пред членството во ЕУ, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

На заедничката прес конференција со Борут Пахор тој истакнал дека Србија се уште никој не ја известил дека е пред членство ниту пак гледа дека планираат да ја известат.

Ова бил одговор на Вучиќ на прашањето на новинар на словенечка телевизија околу тоа дали Србија ќе воведе санкции кон Русија. Бев сигурен дека словенечките медиуми ќе се интересираат за нашите односи, но сите сакаат Србија да се приклучи на санкциите изјавил Вучиќ. Како што пренесе Танјуг тој меѓудругото изјавил дека му се заблагодарил на Пахор што се обидувал да ја разбере позицијата на Србија, и додал дека ќе ка води земјата во согласност со нејзините интереси.

Никогаш не бегав да кажам дека не ја поддржувам одлуката на Србија, но се обидувам да ја разберам, тоа го објаснив и на Бледскиот форум изјавил Пахор на прес конференцијата. Пахор додал дека на таквата одлука би придонела поодлучната волја на Брисел држабите од Западен Балкан побрзо да станат дел од ЕУ и дека Србија кога би била убедена во стопроцентната европска иднина, би размислила и околу своите врски со Русија.

 

03.09.2022 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега