Вучиќ: Србија ќе даде стотина милиони евра за турски дронови „Бајрактар“

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека односите меѓу Србија и Турција се на повисоко нив во споредба со минатото.

„Чекаме и се надеваме дека следната година ќе може да го реализираме проектот. Подготвени сме да дадеме стотина милиони евра за бајрактари“, кажа Вучиќ.

Вучиќ, исто така, додаде дека трговската размена меѓу двете држави е подигната на речиси 2,5 милијарди евра и бележи скок во однос на претходно.

07.09.2022 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега