Вучиќ соопшти дали Србија ќе заземе страна по нападот врз Сирија

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава за РТС ги коментира нападите на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија.

-Ова за нас претставува болно потсетување на период низ кој поминавме, вели Вучиќ.

Тој смета дека Србија не треба да се меша и да зафаќа страна.

-Ние сме мала земја, не треба да се мешаме, изјави Вучиќ за РТС.

Испалени повеќе од 100 ракети и ракети од типот „воздух – земја“

На воени и цивилни објекти во Сирија рано наутро беа испалени повеќе од 100 ракети и ракети од типот „воздух – земја“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Сиријската противвоздушна одбрана соборила голем број од ракетите, соопшти министерството. Ракетите беа лансирани од американските бродови кои се позиционирани во Црвеното море, како и од бомбардерот Б-1Б.

На оваа снимка е прикажно делувањето на сиријската противвоздушна одбрана, а потоа се слуша погодок.

– Бог да те благослови, Бог да те благослови – се слуша човек кој тоа постојано го повторува откако противводузшниот проектил ја погодува ракетата. Ова е пропратено со бучна ексползија.

Соборени најмалку 20 ракети на Западот

Според извештаите на сиријската војска, соборени се најмалку 20 американски, британски и француски ракети. На брифингот во Пентагон не ја коментарале оваа бројка.

Според дописникот на „Спутинк“ американските удари не ја погодиле палатата на претседателот, ниту владините згради во Дамаск.

Сиријската војска користи ПВО системи С-125, С-200, „Бук“ и „Квадрат“ кои се произведени пред повеќе од 30 години во Советскиот сојуз.

Русија соопшти дека не користела сопствени противвоздушни сили за одбрана на сириските цели од нападот на САД и нивните сојузници, додаде руското Министерство.

Од друга страна пак, од француското министерство за одбрана соопштија дека сите авиони на таа земја полетале од територијата на Франција.

 

 

 

14.04.2018 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа