Вучиќ побара од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за Македонците
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ побарал денеска од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, дознава српски Блиц.
Македонците ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра-Зенека“ и „Спутник В“.
И граѓаните на БиХ од денеска можат да се вакцинираат било каде на територија на Србија. Како што вчера изјави Вучиќ, вакцини има доволно за сите ширум Србија.
03.06.2021 - 20:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа